Wednesday, May 15, 2013

РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ


Рак на бели дробови е болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат од епителниклетки. Главната поделба на белодробниот карцином е на ситноклеточен белодробен карцином (англискиsmall cell lung carcinoma) инеситноклеточен белодробен карцином (non-small cell lung carcinoma). Најчестата причина за белодробен рак е долготрајно пушење тутун.Непушачите заземаат 15% од случаите со рак, а во овие случаи болеста често се препишува на комбинација од генетски фактори,изложеност на радоназбест и загадување на воздухот, вклучувајќи и пасивно пушење.
Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографијаДијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат одхистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклученихируршка операцијахемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија.
Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година.





ЗНАЦИ И СИМПТОМИ

Во симптомите и знаците коишто можат да укажат на белодробен рак спаѓаат:






Ако туморот расте во дишен пат, може да го попречува протокот на воздухот, предизвикувајќи отежнато дишење. Опструкцијата може да води до собирање на секрети зад блокот и може да предиспонира кон пневмонија.
Зависно од типот на туморот, вниманието кон болеста може најпрво да биде привлечено од страна на така наречениот паранеопластичен синдром. Во белодробниот рак, овој синдром во себе може да вклучи Ламберт-Итонов мијастеничен синдром (мускулна слабост заради автоантитела), хиперкалцемија или синдром на несоодветно лачење на антидиуретски хормон. Туморите во врвот (латинскиapex) на белодробното крило, познати како Панкост тумори, можат да се прошират во локалниот дел на симпатичкиот нервен систем, водејќи до Хорнеров синдром, како и до оштетување на брахијалниот плексус.
Многу од симптомите на белодробен рак (намален апетит, губење на телесна тежина, треска, замор) се неспецифични. Кај многу пациенти, ракот веќе се има проширено надвор од изворното место уште пред да се појават симптомите и да се побара медицинска помош. Чести места на метастазирање се: мозок, коска, надбубрежна жлезда, контралатералното (спротивното) белодробно крило, црниот дроб, перикардот и бубрезите. Околу 10% од луѓето со белодробен рак немаат симптоми за време на дијагнозата — овие тумори се откриваат случајно преку рутинска градна радиографија.


ПРИЧИНИ

Туморите се развиваат по оштетување на ДНК. Ова генетско оштетување ги засега нормалните функции на клетката, вклучувајќи клеточна пролиферација, програмирана клеточна смрт (апоптоза) и поправка на ДНК. Како што се насобира поголемо оштетување, така се зголемува ризикот за рак

Пушењето, особено на цигари, е убедливо главниот придонесувач кон белодробен рак.[ Чадот од цигарите содржи преку 60 познатикарциногени, вклучувајќи радиоизотопи на радоннитрозамин и бензопирен. Дополнително на тоа, никотинот најверојатно го намалува имуниот одговор кон малигниот раст во изложеното ткиво.Ширум развиените земји во 2000 година, 91% смртните случаи поврзани со белодробен рак биле препишани на пушење (71% за жените). Во САД, пушењто е одговорно за 80-90% од случаите со белодробен рак.
Пасивното пушење — вдишувањето на чад од цигарите кои ги пуши некој друг — е причина за белодробен рак кај непушачите. Како пасивен пушач може да се класифицира било која личност која живее или работи со пушач. Истражувањата од САД,Европа,Обединетото Кралство,и Австралија доследно покажуваат значајно зголемен ризик за рак меѓу оние кои се изложени на пасивно пушење. Оние кои живеат со лице кое пуши имаат зголемување на ризикот од 20-30%] Пасивното пушење причинува околу 3.400 смртни случаи од белодробен рак годишно во САД



Загадувањето на надворешниот воздух има мал ефект во зголемувањето на ризикот од белодробен рак. Ситните честички (PM2.5) исулфатните аеросоли кои можат да бидат ослободени во издувните гасови од сообраќајот, се поврзани со благо покачен ризик.За азот диоксид, зголемување од 10 ppb го зголемува ризикот за 14%.Загадувањето на воздухот се смета дека е одговорно за 1-2% од случаите на белодробен рак.


Превенцијата е најисплатливиот начин за намалување на појавата на белодробен рак. Додека индустриските и домашните карциногени во повеќето земји се препознаени и забранети, пушењето на тутун е сè уште широко застапено. Елиминацијата на пушењето на тутун е примарна цел во превенцијата на белодробен рак, а индивидуалниот прекин на пушењето е важно превентивно средство во овој процес.
Законските интервенции за намалување на пасивното пушење на јавни места, како на пример ресторани и работни места, стануваат сè почести во многу западни земји. Бо Бутанима целосна забрана за пушење од 2005 година. Индија вовела забрана за пушење во јавност во октомври 2008 година.
Светската здравствена организација има дадено повик до владите за донесување на целосна забрана на рекламирањето на производи од тутун за да се спречи пушењето кај младите. Тие проценуваат дека таквите забрани го имаат намалено пушењето за 16% во оние места каде што се применети.
Долготрајната употреба на додатоци на витамин А, витамин C, витамин D или витамин E не го намалуваат ризикот од белодробен рак. Некои студии сугерираат дека луѓето кои имаат начин на исхрана кој вклучува повеќе зеленчук и овошје, имаат понизок ризик од белодробен рак. Сепак, се верува дека ова е можеби резултат на придружен фактор (англискиconfounding), односно дека поврзаноста е видена во погрешно светло, затоа што е игнорирано влијанието на некој друг фактор. Поригорозни студии немаат докажано јасна поврзаност.


No comments:

Post a Comment